Роналдо без „влакно на јазикот“ го понижи Тен Хаг, за Руни кажа дека е љубоморен

1237

Кристијано Роналдо во издание на кое не сме навикнати да го гледаме. Првпат без влакно на јазикот отворено зборуваше за моменталната ситуација, а посебно внимание посвети на Ерик тен Хаг и на некогашниот соиграч, Вејн Руни.

Португалецот прво се потсети на својот кам-бек на „Олд Трафорд“ пред ве години. Требаше да потпише за Манчестер Сити, но еден повик се променило.

„Го следев срцето. Сер Алекс ми кажа дека не е можно да потпишам за Сити. Му кажав: ОК, шефе и потпишав за Јунајтед“, рече Роналдо во интервју за Пирс Морган.

Тој порача дека не го почитува својот тренер.

„Ни малку не го почитувам бидејќи тој не покажува почит кон мене. Ако ти мене не ме пошитуваше, нема ни јас да те почитувам тебе“. 

Португалецот додаде дека е претставен како црна овца, па ги прозва челниците на клубот поради ангажирањето на Ралф Рангник, за кој рече дека никогаш порано не слушнал.

„Се чувствувам како измамен. Јунајтед се обиде да ме избрка, не само менаџерот туку и луѓето околу клубот. Знам дека тие исти луѓе не ме сакаа и минатата година, исто како и сега“, изјави Роналдо, кој додаде:

„Мојата ќерка беше во болница, сакав да бидам близу до неа. Одредени луѓе во раководството се сомневаа во тоа. Клубот покажа емпатија, бев повреден.

Пикасо рекол дека треба да уништиш нешто за да го обновиш. Ако сакаат да почнат со мене, нема проблем. Го сакам Манчестер Јунајтед, ги сакам навивачите, тие се секогаш со мене. Но, ако сакаат да се подобрат во Јунајтед, мора многу да променат. Сер Алекс Фергусон го знае ова подобро од кој било. Сите го знаат тоа. Луѓето кои не го гледаат или не сакаат да го видат или се слепи“, изјави Роналдо.

Што се однесува до другиот соиграч на Роналдо од славните денови, Португалецот му се нафрли: „Не знам зошто Вејн Руни ме критикува толку често. Веројатно затоа што ја заврши кариерата, а јас се уште играм на врвно ниво Вистина е и дека подобро изгледам на него“.

Нема сомнеж дека ова интервју ќе дигне голема прашина, а секако после ваквите зборови не е исклучена опцијата никогаш повеќе да не го видиме Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед, што дефинитивно би бил тажен крај на некогаш убавата фудбалска приказна.

ПретходноСрамно: Кој си “ИГРА“ со ФК Тетекс!?
СледноПартија за историја: Ембид постигна повеќе од половина поени на својот тим (ВИДЕО)