Во драматичен натпревар од 15. коло во Серија А, Рома едвај ремизираше (1:1) на домашен терен против Торино.
Немања Матиќ постигна гол за Рома во 94. минута, додека две минути претходно Андреа Белоти промаши пенал, а пет минути претходно Жозе Мурињо доби црвен картон поради навреда на судијата.
„Тоа беше правилна одлука на судијата, моите зборови кон него заслужија црвен картон“, изјави Мурињо по натпреварот и продолжи: „Разговарав со него по натпреварот и се извинив, но не сакам да зборувам за неговиот настап. Бев доволно скромен за да се извинам, но неговата изведба и хипотетичкото влијание врз играта ќе го оставам на вас. Не сакам да зборувам за тоа што го кажавме, тоа беше приватно. Моите зборови заслужија црвен картон, но јас нема да ја судам работата на судијата“, изјави Мурињо по мечот.
По 15. коло во Серија А, Рома е на седмото место на табелата со скор од осум победи, три нерешени и четири порази.