Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17. и 20. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Влезниците се продаваат по цена од 150. денари за северната трибина,150. денари за јужна трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има поради технички причини (нефункционалност на читачите за билети на Националната арена).
МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА (Национална арена „Тодор Проески“, 17. ноември, 18:00 часот)
МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 14:00 часот)
Северна Трибина
Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 150 денари
Блок 21 и 23 150 денари
Јужна Трибина
Блок 1, 2, 5 и 6 150 денари
Блок 3 и 4 200 денари
ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварите од 10:00 часот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на натпреварите против Финска и Азербејџан.