Кристијан Шекуларац, големиот талент кој има само 18 години вчера беше на клупата на Фулам и тоа против големиот Манчестер Јунајтед. Кристијан е внук на Мирослав Шекуларац, брат на големиот Драгослав Шекуларац, родениот штипјанец, а неговата баба е македонка. Значи има македонски корени. Детето е родено во Лондон, но има играно за младите репрезентации на Швајцарија, игра на местото офанзивен играч за врска. Со него Македонија, односно луѓето од ФФМ постојано се во контакт и има големи шанси да заигра за Македонија, има начелно „ДА“ од Кристијан, но се чека и официјално – ДА.
Пред неколку месеци потпиша за Фулам, член е на младинската екипа на овој премиерлигаш, но брзо напредува и ете стигна до првиот тим. Рековме вчера беше на клупата на Фулам против Манчестер Јунајтед.
Интересно е тоа што за него покрај Македонија, заинтересирани се и Швајцарија секако, Англија, но и Србија. Медиумите кај нашиот северен сосед денеска пишуваат дека Фудбалскиот сојуз на Србија преку Александар Митровиќ, големата ѕвезда на Фулам, ќе се обиде да го врбува и да ни го „украде“ мега – талентот. Тие велат дека Кристијан има српски корени, дека неговиот дедо е ѕвездина ѕвезда бр.2, се мисли на Драгослав Шекулараца, еден од најдобрите фудбалери во историјата на овие простори
Останува да се надеваме дека Кристијан ќе ја одбере Македонија, земјата на неговата баба.