И официјално. Градот Скопје денеска на седница на Советот го прифати предлогот, односно амандманот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата и изгласа одобрување на средства за помош на ФК Вардар во износ од 250.000 евра. Ова се наменски пари за покривање на тековната сезона,
Познато е дека клубот веќе со години е во долгови, наводните „спасители“ кои сега се во ФК Вардар место да ја подобрат ситуацијата тие уште повеќе ја влошија состојбата со нов долг од 700.000 евра.
На седницата имало конструктивна дебата, се барало начин како да му се помогне на клубот.
Инаку имало и предлози, клубот кој сега е во приватна сопственост, со оглед на долговите и фактот дека сегашното раководство не е дорасното за така голем клуб, ФК Вардар да се врати во сопственост на градот Скопје.
Добро е што конечно тргна работата, и тоа на иницијатива на ВМРО – ДПМНЕ, што ете се преземаат чекори да му се помогне на нашиот најтрофеен клуб.