Пишува: Зоран Ѓоршоски
По пауза од пет кола без победа, викендов во супер – дербито со Шкендија, екипата на Струга Трим Лум, лидерот на табелата успеа да ги освои трите бода и со тоа да исчекори кон тоа да биде есенски шампион.
Сега по 15.коло, а на три кола до крајот на полусезоната, Струга ТЛ има 30 бодови, Шкупи има 25, Шкендија 24 а Силекс 23.
Математички на стружани им се потребни само 4-5 бода, но само ако Шкупи победи на сите. Шкендија има само теоретски шанси, со оглед на тоа дека еден меч ќе биде слободна, а Силекс да биде ќе треба да се случи чудо.
Во ова 15.коло видовме интересни мечеви, конечно А. Пандев победи, Тиквеш го декласираше Работнички, Шкупи во Кичево направи пресврт а во Ѓорче домашната Македонија ЃП и Брегалница одиграа без голови.
Сепак кога сме кај есенски шампион, ајде да видиме со кого и против кого играат четирите екипи кои сеуште имаат шанса.
Со напомена дека поради казната екипата на Шкупи своите натпревари како домаќин ги игра во Кичево.
СТРУГА ТЛ – 30 бодови:
Силекс (гости), А. Пандев (дома), Скопје (гости)
ШКУПИ – 25 бодови:
Победа (гости), Брегалница (дома), Работнички (гости)
ШКЕНДИЈА – 24 бодови:
Тиквеш (дома), Македонија ЃП (гости), 18.коло е слободна
СИЛЕКС – 23 бодови:
Струга ТЛ (дома), Тиквеш (гости), Македонија ЃП (дома)