Ансу Фати удрил моторциклист со автомобил

144

Играчот на Барселона, Ансу Фати доживеал огромна непријатност, откако обидувајќи се да го паркира својот атомобил удрил моторциклист и притоа му нанел повреди. Поточно, моторциклистот се здобил со скршеница на зглобот, и неколку помали повреди.

Фати се однесувал крајно совесно во целата ситуација, со истиот атомобил го одвел човекот во болница и останал се додека не му биле санисани повредите.

Полицијата констатирала дека Фати нема никаква вина во целиот случај.

ПретходноМакедонија подготвена ќе ги дочека Финска и Азербејџан (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноИнфантино: Нека има мир во Украина за време на Мундијалот