Билд: Баерн не е заинтересиран за Кристијано Роналдо

145

Иднината на Кристијано Роналдо не била меѓу темите на последната средба на агентот на португалската ѕвезда Жорге Мендеш и раководството на Баерн Минхен, тврди германскиот весник „Билд“. 

Ова доаѓа како демант на информацијата на „Дејли мејл“ од пред неколку часа дека се разговарало за опција за трансфер на играчот на „Алијанц Арена“.

Обемното интервју кое Роналдо го даде во Англија и зборуваше за ситуацијата во неговиот сегашен клуб Манчестер Јунајтед предизвика многу гласини за прекин на соработката со „црвените ѓаволи“. Мендеш бил забележан на средба со претставници на германскиот шампион, но според информациите тоа нема врска со Кристијано Роналдо и интересот на Баерн за него би се сметал за изненадувачки.

Португалската суперѕвезда откри детали за начинот на кој Манчестер Јунајтед функционира како клуб и се очекува реакција од англискиот клуб.

ПретходноАрон Ленон стави крај на фудбалската кариера
СледноПоранешен Олимписки шампион оди во затвор поради дрога