Фудбалерот на Аргентина и на ПСЖ Лионел Меси зборуваше за себе и за својата кариера поточно за тоа кој тренер му оставил најдобар впечаток. Поранешниот најдобар играч на светот ќе игра на претстојното СП кое ќе му биде последно во кариерата со оглед на тоа дека веќе има 35 години. Тој открива дека понекогаш не е убаво да е Меси односно тоа има и лоша страна.
„Да се биде Меси има и лоша страна. Сакам да останам анонимен во многу работи. Некогш сакам да не ме гледаат, да не бидам атракција. Сакам да бидам нормален, да не предизвикувам внимание“, изјави Меси за „Марка“.
„Добивам совети од моето семејство и мојата сопруга. Со семејството и пријателите – јас не сум Меси. Најдоброто нешто што ми се случува е кога поминувам време со моето семејство“.
Во тековната сезона, Меси одигра 19 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања: има 12 гола и 14 асистенции.
„Времето на Гвардиола во Барселона беше исклучителен период. Гвардиола влезе и не натера да растеме како тим. Тој имаше уникатна генерација играчи. Се каам што не уживав повеќе во тоа време. Не го сфаќате тоа кога го правите од ден на ден. Сè беше толку едноставно, толку природно што не разбиравме што правиме. Со текот на времето, сфаќате дека тоа било нешто уникатно. Најдобриот тренер, без сомнение. Има нешто посебно во него“, ја цитира Marca изјавата на Меси.
Ќе потсетиме дека Меси и Гвардиола соработуваа од 2008 до 2012 година.