Се спреми да ја запроси девојката, но обезбедувањето го расипа моментот (видео)

237

Фудбалерот на белорускиот второлигаш Сморгон, Владислав Шубович на еден натпревар одлучи да ја запроси својата девојка. Се беше спремно за прекрасен момент, дури и соиграчите знаеја за тоа и се спремаа за потегот, меѓутоа тоа не го знаеше и човекот од обезбедување. Во 49. минута Сморгон поведе со 1:0, а тренерот во 68. минута го внесе во игра стоперот Шубович за да го доигра мечот и да ја изненади својата девојка.

Во 85. минута судијата свирна пенал за Сморгон. А тој погоди од белата точка, а потоа заедно со соиграчите отиде кон аут-линијата и ја повика девојката да се симне од трибините. Тој клекна на колено и го извади вереничкиот прстен, а потоа се вмеша човекот од обезбедување кој ја оттурна девојката од теренот и за малку ќе дојдеше до физичка пресметка.

На крајот имаше и втор обид за запросување, но овојпат обезбедувањето беше на страна, а девојката ја прифатила понудата на 22-годишниот играч.

 

 

 

ПретходноФудбалер на Ливерпул преку СМС порака се откажа од репрезентацијата на Португалија
СледноАрон Ленон објави крај на кариерата