Полската фудбалска федерација објави дека Доминик Грушевски кој работел како обезбедување на полската репрезентација која се подготвува за СП во Катар, ќе биде отстранет од репрезентативните активности на неопределено време. Причина е сомнежот дека Грушевски, познат како „Груча“, е вмешан во неонацистичка организација.
Според полските медиуми „Груча“ е член на банда скинхедси во градот Бјалисток, во северна Полска, и мора да се појави пред суд по тужба за насилство. Меѓу главните функции на „Груча“ беше да се грижи за главниот играч на тимот, центарфорот Роберт Левандовски.