Варан за Роналдо: Неговите коментари не погодија сите!

1083

Францускиот дефанзивец од Манчестер Ј., Рафаел Варан изјави дека неговите соиграчи не се задоволни од коментарите на Кристијано Роналдо во ТВ интервју во кое ѕвездата на „црвените ѓаволи“ покажа непочитување кон менаџерот на клубот Ерик тен Хаг.

Португалецот изјави дека се чувствувал предаден од раководството на 20-кратниот шампион на Англија, кое го принудило да бара нов тим минатото лето.

„Очигледно, ова влијае на нас. Следиме што се зборува и што се случува. Се обидуваме на свој начин да ја смириме ситуацијата и да не се мешаме. Медиумите секогаш бараат сензационализам околу големите клубови. Нема шанси секој сам да ја промени ситуацијата, ние сепак сме еден тим“, изјави Варан за француско радио.

ПретходноАбу Дабу е последна шанса за Хамилтон да го повтори рекордот на Шумахер
СледноЕден меч ги дели од историја: Аргентина го лови рекордот на Италија