Далас и Денвер не можат без Дончиќ и Јокиќ, Феникс со победа над шампионот

116

Денвер и Далас без првите ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се сосема поинакви тимови. Тоа се покажа и на синоќешните дуели во кои овие двајца кошаркари не беа на паркетот, а нивните тимови беа поразени на домашен терен.

Њујорк на гости го совлада Денвер со 106:103, а за тимот од Колорадо ова беше првиот пораз на домашен терен оваа сезона. Победата за Њујорк ја донесе Џејлен Брунсон, кој беше прецизен од линијата за слободни фрлања на 10,5 секунди до крајот. Интересно, ова е прва победа на Њујорк во Денвер од 8 ноември 2006 година. Поради корона вирусот, најдобриот стрелец на тимот, српскиот кошаркар Никола Јокиќ не настапи за Денвер.

Хјустон, пак, го совлада Далас со 101:92 на гости во дербито на Тексас. Дабл-дабл кај гостите забележа Кевин Портер Јуниор со 17 поени и 11 скока, а имаше и осум асистенции, додека Џејлен Грин додаде 17 поени. Далас го одмори најдобриот играч Лука Дончиќ, а најдобар учинок во негово отсуство имаше Тим Хардавеј со 28 поени.

Феникс на свој терен го победи актуелниот шампион Голден Стејт со 130:119, а кај гостите Стивен Кари постигна 50 поени. Бостон ја освои осмата последователна победа совладувајќи ја Атланта на гости со 126:101.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Индијана – 113:125

Орландо – Минесота – 108:126

Вашингтон – Оклахома – 120:121

Атланта – Бостон – 101:126

Торонто – Мајами – 112:104

Милвоки – Кливленд – 113:98

Њу Орлеанс – Чикаго – 124:110

Далас – Хјустон – 92:101

Денвер – Њујорк – 103:106

Феникс – Голден Стејт – 130:119

ПретходноЕден меч ги дели од историја: Аргентина го лови рекордот на Италија
СледноОфицијално: Австралија му даде виза на Ѓоковиќ за влез во земјата