Според една од најпознатите компании за спортска статистика и историја „Опта“, нов светски шампион ќе биде фудбалската репрезентација на Бразил. Компјутерското предвидување е направено со софтвер кој е специјализиран за фудбалски предвидувања.
Компанијата „Опта“ објави дека последната компјутерска анализа е прилично променета од она што истиот компјутер го предвиде според акумулираните податоци и резултати во август оваа година. Актуелното предвидување е ажурирано по објавувањето на 32-те селекции, земајќи ги предвид повредите и другите околности пред почетокот на Светското првенство.
Компјутерската симулација сега вели дека нов бр.1 фаворит за светскиот трон е Бразил, кој во финалето би требало да игра со Франција.
Севкупно, шансите за титулата на Бразил се оценети на 16,3 проценти, Аргентина со 13,1 (и двете селекции ќе се сретнат во полуфиналето доколку ги добијат своите групи и играат во нокаут фазата), Франција има 12 проценти шанси за пласман во финалето, по што следат Англија и Шпанија со по 8,8.