Синот на славниот Шумахер по две сезони ќе го загуби местото во Формула 1

195

Мик Шумахер се чини дека ќе остане без место во Формула 1 следната сезона, откако Хас денеска потврди дека потпишал договор со ветеранот Нико Хулкенберг, кој треба да биде замена за Шумахер.

Младиот Мик се чини не направи доволно во неговите две сезони со тимот од САД за да ги убеди да го задржат и за 2023 година. 35-годишниот Хулкенберг ќе се врати следната сезона за првпат откако беше отфрлен од Рено во 2019 година. Оттогаш тој забележа неколку заменски настапи за тимот на Рејсинг Поинт/Астон Мартин.

Единствената преостаната надеж на Мик Шумахер за место во Ф1 следната година е доколку Американецот Логан Сарџент не успее да обезбеди доволно поени во финалето на Формула 2 овој викенд во Абу Даби за да обезбеди пилотско место во Вилијамс.

ПретходноНемавме решение за Лазетиќ
СледноУ-21: Македонија со реми на пријателската со Кипар!