Попладне на Кипар нашата У-21 репрезентација одигра без победник, 1:1 со домашната селекција. Ова беше првиот од двата теста предвидени во овој ноемвриски циклус, следува и дуелот со соодветната селекција на Србија.
Инаку младите репрезентативци на Кипар дојдоа во водство со голот на Христодолу во 41.минута. Со тие 1:0 се замина на пауза.
Македонија израмни во 66.минута и тоа со голот на Илиевски, откако претходно убаво му асистираше Тодоровски. Во самиот финиш Македонија не успеа да реализира удар од белата точка преку Андреј Стојчевски., а пеналот дојде врз фаулот над Малески. Во последните мигови од средбата Решат Рамадани доби црвен картон.
Инаку натпреварот го започнавме со следните единаесет: Алчевски, Деспотовски, Стојчевски, Златков, Калкан, Илиевски, Станковски, Ѓурковски, Крстевски, Николов и Фета.
Во продолжение од средбата во игра влегоа и уште неколку играчи.