Марадона: Елмас направи глупост со пораката на социјалните мрежи, но тој ме импресионира!

7694

Диего Армандо Марадона Јуниор, синот на големиот Диего, иконата на Наполи, за медиумите во Италија имаше свои изјави за моменталната ситуација во клубот, за импресиите од последниот меч на Наполи со Удинезе, а покрај другото тој го кажа своето мислење и за нашиот Дијамант, за Елиф Елмас.

Го следам Елмас внимателно. Да посочам дека тој направи глупост со пораката на социјалните мрежи, која според мене можеше и требаше да се избегне. Елмас доби шанса како стартер по повредата на Кварцкелија и максимално ја искористи. Тој со своте настапи за Наполи едноствно ме импресионира. На последниот меч со Удинезе тој ја направи разликата со својот гол и асистенции. Со ова се покажува колку е силен тимот на Наполи, и секако колку е квалитетен Елмас“ посочи Марадона Јуниор.

ПретходноДе Бјази: Се сеќавам на дуелот во Скадар, тогаш Македонија созреваше, а сега е на високо ниво
СледноИнфантино: Фановите ќе издржат три часа без пиво!