Претседателот на ФИФА: Северна Кореја може да биде домаќин на Светското првенство

1872

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, вчера, за време на неговата бизарна прес-конференција, призна дека нема да има ништо против дури и Северна Кореја да го организира Светското првенство. Првиот човек на светската фудбалска организација, кој е на чекор до трет претседателски мандат, вели дека секоја земја има право да го организира Светското првенство.

„Секоја земја има право на домаќин. Ако Северна Кореја сака да биде домаќин на нешто…Пред неколку години бев таму и проверив дали се подготвени да бидат организатор на СП во женска конкуренција со Јужна Кореја. Но, не беше успешно, уште 100 пати ќе отидам таму ако нешто се промени.

Само со активно дејствување можеме да промениме нешто. Ние сме глобална организација и мора да се стремиме да ја исполниме нашата цел, а тоа е да го обединиме светот околу најважното споредно нешто во светот – фудбалот“, изјави Инфатино.

Да потсетиме, Северна Кореја нема играно на Мундијалот од 2010 година кога играше во Јужна Африка, а моментално е 112-та репрезентација во светот и една од воено најактивните земји во светот.

ПретходноМакедонскиот тандем повторно причина за радост во Ваљадолид
Следно„Магични 100“ – Ова се најубавите голови на Мундијалите (ВИДЕО)