Одбојкарите на Либеро уште еднаш потврдија дека имаат одличен тим оваа сезона, откако викендов во меч од 7. коло славеа над екипата на Весна Пробиштип со максимални 3:0, нанесувајќи им го на гостите само вториот сезонски пораз. Со оваа победа скопскиот состав се израмни по бројот на победи со Борец и Лирија со најава дека ќе се обиде да се пробие и до самиот врв.
Важна победа обездбеди и Петровец кој дома славеа со 3:1 над Сушево остварувајќи ја втората победа сезонава. Сигурен настап и за шампионот Струмица Никоб, која без проблеми ја совлада Лирија на гостински терен.
Прва лига (мажи), 7.коло
Петровец – Сушево 3:1 (26:28, 25:18, 25:18, 25:18)
Штип УГД – Македонија Џио 3:0 (25:13, 25:9, 25:19)
Универзитет во Тетово – ГОК Борец 0:3 (19:25, 12:25, 20:25)
Лирија – Струмица Никоб 0:3 (18:25, 18:25, 16:25)
Либеро – Весна Пробиштип 3:0 (25:19, 25:12, 25:23)
***Слободна е екипата на Шкендија
Табела: Струмица Никоб 6-0, Шкендија 5-1, Весна Пробиштип 5-2, Лирија 4-2, ГОК Борец 4-2, Либеро 4-2, Штип УГД 3-3, Петровец 2-5, Сушево 1-5, Универзитет во Тетово 1-6, Македонија Џио 0-7.