Најдобриот македонски тренер Чедомир Јаневски заедно со својот помошник Бојан Марковски беше во посета на У21 репрезентацијата која е на Кипар каде игра пријателски натпревари со соодветната селекција на оваа островска земја.
Денеска во посета на нашите фудбалери беа Јаневски и Марковски кои работат на Кипар па се дружеа со стручниот штаб на У21 селекцијата и со дел од фудбалерите.
Јаневски моментално е тренер на кипарски АЕЛ Лимасол, а претходно работеше во Олимпијакос Никозија, Енозис Паралимни, Етхикос Ахна и е добро познато тренерско име на Кипар.