Нуркиќ настрада во налетот на грчкиот ѕвер, Чикаго го сопре Бостон (ВИДЕО)

146

Милвоки им се врати на победите по поразот во минатото коло, на домашен терен го совлада Портланд со 119-111. Бакси го запишаа 12 триумф оваа сезона, со два порази се наоѓа на второто место во Источната конференција.

Главната улога на теренот ја имаше грчкиот ѕвер Јанис Адетокумбо постигна 37 поени, седум скоа и шест асистенции. Овој дуел го одблежа монструозното забивање на Адетокумбо преку босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ.

Серијата од девет победи во низа на Бостон ја заврши Чикаго, славеше со 121-107 пред своите навивачи. Вучевиќ и Дероузен со по 20 поени беа први стрелци кај победникот, Џејсон Тејтум со 28 поени беше најдобар кај Бостон.

И покрај поразот Селтикс останаа на врвот на табелата во Источната конференција со скор од 13/4, додека пак Чикаго е на 11-ти во овој поредок.

Резултати: Кливленд – Атланта 114-102, Индијана – Орландо 123-102, Чикаго – Бостон 121-107, Милвоки – Портланд 119-111, Минесота – Мајами 105-101, Њу Орлеанс – Голден Стејт 128-83, Оклахома – Њујорк 119-129, ЛА Клиперс – Јута 121-114.

ПретходноНивниот тим не играше, но го фрлија цело ѓубре од трибините (ВИДЕО)
СледноНовинарки предизвикаа бес во Катар