Раководството на Прилеп ја продолжи соработката со нов ракометар. Левото крило, Христи Бикоски ги оправда очекувањата и доби нов едногодишен договор, тој ќе биде дел од плановите на тренерот Горан Кузманоски.
„Бикоски изминатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Прилеп и сосема заслужено раководството на Прилеп одлучи да го продолжи договорот со младиот ракометар“, се вели во известувањето на Прилеп.
Претходно нова соработка продолжија Чантурија и Шокоски, а ново име од пред два дена е Христијан Милошески.