Играч на Гана: Нејмар не е подобар од мене, само е попознат…

359

Гана утре против Португалија ќе го одигра првиот натпревар на СП 2022. Пред турнирот во Катар Гана одигра пријателски меч со Бразил во Франција, а играчот на африканската екипа Мохамед Кудус изјави дека не гледа разлика меѓу него и бразилската ѕвезда Нејмар.

„Не е подобар од мене. Тој е само попознат и толку“, изјави играчот на Ајакс.

На тој меч Бразил победи со 3:0, а Кудус сака реванш.

„Можеме пак да се сретнеме. Јас против него – втор дел“, се пошегува на крајот 22-годишниот играч на Гана.

ПретходноВардар го победи Жељо, Комити уживаа…
СледноХрабрите Канаѓани минимално поразени од Белгија, утнаа и пенал (видео)