Ништо од сензација: Бразил, сепак, пресилен за Србија (видео)

184

Во дербито на денот Бразил ја совлада Србија со 2:0 во меч од 1. коло на групата Г. Србите му парираа на големиот ривал 60-тина минути, а потоа потонаа. Добро тактички играа српските фудбалери и ги одбиваа нападите на Ришарлисон, Нејмар, Винисиус и останатите. Работите се сменија во 62. минута кога по шутот на Винисиус одбрани Вања Милинковиќ-Савиќ, но одбиената топка во голот ја смести Ришарлисон.

Тогаш Драган Стојковиќ мораше да менува во поофанзивна формација со Лазовиќ и Влаховиќ во офанзива, заедно со Митровиќ но тоа не донесе промена на резултатот. Бразилците по еден контра напад уште еднаш го матираа српскиот тим. Во 73 минута одново Виниус асистира, а Ришарлисон погодува за конечни 2:0.
Инаку ова е заслужена победа на Бразилците кои беа подобри, а освен двата гола, два пати ја погодија и пречката еднаш Алекс Сандро и вториот пат Касемиро.

Во оваа група Швајцарија со 1:0 го совлада Камерун.

Идното коло Србија ќе игра со Камерун, а Швајцарија со Бразил.

 

Brasil [1] – 0 Serbia – Richarlison 63′

Nov 25, 2022

Brazil [2] – 0 Serbia – Richarlison 73′

Nov 25, 2022

ПретходноБразилците пристигнаа на мечот против Србија со дајриња (ВИДЕО)
СледноДебакл на кошаркарките: Белгија ја порази Македонија со 112-41