Американска компанија купи бундеслигашки клуб

162

Американска инвестициска компанија се согласи да го купи мнозинскиот пакет на акции од инвеститорот Ларс Виндхорст во германскиот бундеслигаш Херта од Берлин. Со база во Мајами компанијата „777 Partners“ објави дека ќе купи 64,7% од компанијата „Tennor“ на Виндхорст и зделката сега чека на одобрение од бордот на директори од Германската фудбалска лига.

„Херта е еден од најважните клубови во Германија. Со нетрпение чекаме да ни ја одобрат зделката и да почнеме да работиме, да ја поставиме Херта на цврсти нозе и да ја направиме светска класа како преку успеси на теренот така и надвор од него“, изјави Џош Вондер, основач и управител на „777 Partners“.

Инаку  оваа компанија пред една година ја купи и италијанскта Џенова, а исто така има дел и во шпанската Севиља, а има уддел и во клубови од Белгија, Франција и Бразил како и мал дел во австралискиот Мелбурн Виктори.

 

ПретходноСтојковиќ: Тактички бевме добри но паднавме физички, сега одиме да ги добиеме следните два меча
СледноНејмар заврши со СП во Катар? Лекарите ќе чекаат два дена за конечна проценка на повредата