Иако ФИФА им забрани на капитените на националните тимови да носат ленти со виножито „One Love“, Хари Кејн најде начин да даде поддршка за ЛГБТ+ заедницата во Катар. Тој носеше рачен часовник со виножито на пат кон соблекувалната по победата над Иран.
Станува збор за моделот Rolex Daytona Rainbow 116595RBOW, кој чини 535.000 фунти. Инстаграм профилот на „Insane Luxury Life“ истакнува дека е изработен од 18-каратно злато и е еден од најбараните на пазарот. На него има 36 сафири и 56 дијаманти, додека функцијата на броеви ја вршат обоените сафири.
View this post on Instagram