Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски (623 АТП) за жал не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Мадрид. Калин денеска во четвртфиналето против домашниот тенисер Жорда Санчиз (686 АТП) загуби со 0:2 во сетови (5:7 и 2:6).
Се чини дека пресуди првит сет кој се играше речиси еден час, а Калин го загуби 5:7. Во вториот сет осетно беше дека Македонецот е депримиран па Санчиз лесно го доби со 2:6 и со тоа го доби и мечот.