Велс ја победи Турција и ита кон 1/8 финалето, Бејл се посрамоти (ВИДЕО)

447

Велс со 2:0 ја победи Турција доцна попладнево на Олимпискиот стадион во Баку. Ова беше меч од 2.коло во групата А на Европското првенство.

Турција го забележа и вториот пораз, после оној од Италија на стартот. Стрелец на првиот гол за велшаните беше Арон Рамзи во 42.минута. Вториот гол беше дело на Робертс во 94.минута. Сосема доволно за големи три бода.

Победата на Велс можеше да биде изразена со поголема разлика, имаа тие и пенал, но нивниот главен играч Герет Бејл во таа во таа 61.минута буквално се посрамоти. Мега – ѕвездата на светскиот фудбал изведе пенал како да е фудбалски почетник. Ја шутна топката далеку, далеку над пречката на турскиот гол.

Сепак неговата репрезентација успеа да победи, сега таа има 4 бода од првите два меча и се чини дека е многу блиску до пласман во 1/8 финалето на ова ЕУРО.

ПретходноСимон Трпчески во дресот на Македонија излезе на концертот во „Сала Радио Букурешт“
СледноИ дождот не им може ништо: „Фалангата“ се загрева за Украина (ВИДЕО)