Репрезентацијата на Саудиска Арабија денеска во рамките од второто коло на Мундијалот во Катар загуби од Полска со 2:0 и засега има еден триумф и една загубена средба.
Селекторот на оваа репрезентација Херв Ренар смета дека не е во прашање среќата или несреќата во случајов при поразот туку едноставно Саудијците се самите виновни што доживеале неуспех.
„Никој на светот не ни помислуваше дека можеме да играме на ова ниво. Ние во С.Арабија добро ги познаваме играчите, но во светот тие се енигма. Горд сум на нив. Сеуште сме живи. Сепак, мораше подобро да го контролираме дуелот. Да го реализираме пеналот, првиот дел ќе завршеше 1:1 и мечот ќе заминеше во друг правец. Не е во прашање среќата, ние едноставно потфрливме. Ни недостасуваше прецизност во последната третина, правевме грешки во додавањата, Шчешни го доби овој дуел за Послка. Тоа е страшен голман, а не дека тоа денеска се дозна како факт“ – изјави кормиларот на Саудиска Арабија.