ФИФА веќе нема да го толерира, ќе го казни Мбапе

782

ФИФА ќе го казни Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец веќе два пати одбил да зборува со новинарите на Мундијалот, што според правилата е забрането. По натпреварите против Австралија и Данска, еден од најдобрите фудбалери на денешницата поминал покрај претставниците на медиумите и не сакал да одговара на прашања. На играчите тоа им е дозволено само ако се дел од официјална прес-конференција, а и тој не бил таму.

Поради ова е донесена одлука да се казни, ќе биде парична, иако се уште не се знае колкава е сумата. Репрезентацијата ќе мора да плати за тоа и да се обиде да го промени неговото мислење. Ако не го убедат, односно ако повторно го направи истото, казната секако ќе биде уште поголема.

Наводно, репрезентативците на секој начин се обидуваат да му објаснат дека треба да ги почитува правилата, но и тој не ги слуша. ФИФА повеќе нема да толерира, па сега останува да видиме како ќе биде казнет. Поединци тврдат дека можеби се плаши од добивање прашања поврзани само со ПСЖ и клупскиот фудбал, иако тоа објаснување не држи вода, бидејќи може да одбие да одговори на тоа прашање и да зборува исклучиво за репрезентацијата.

ПретходноДончиќ до остварување за кое на Новицки му требаше цела кариера (ВИДЕО)
СледноГигантот со демант: Ма каков Роналдо, нема ништо од тоа!