Француската фудбалска федерација поднесе жалба до ФИФА поради поништен гол на Антоан Гризман против Тунис во последната минута од судиското надополнување во нивниот пораз од 0-1 на Светското првенство во групата Д. Гризман постигна гол за 1:1, но главниот судија на натпреварот по прегледувањето на снимката го поништи.
Тој процени дека nапаѓачот на Франција беше во офсајд при самото додавање на Чуамени, но се активираше во втора акција откако тунискиот репрезентативец Талби ја удри топката со глава во најдобра намера да ја расчисти опасноста.
„Се жалиме бидејќи според нас голот на Антоан Гризман е погрешно поништен“, соопшти Француската фудбалска федерација.
Ваквите жалби мора да се поднесат во рок од 24 часа од крајот на натпреварот. И покрај овој пораз, Франција го освои првото место во групата со шест бода, додека Тунис без разлика на победата е елиминиран од СП како трет во групата со четири бода.