Репрезентацијата на Англија на Мундијалот во Катар останува без Бен Вајт. Дефанзивецот го напуштил репрезентативниот табор поради лични причини и нема да се врати до крајот на турнирот.
Сеуште не е познато зошто дефанзивецот на Арсенал се врати во Англија, но очигледно дека има некаков фамилијарен проблем.