Браво за Мароко: Ова се хероите на Африка!

188

Кој ли само можеше да претпостави дека по сите оние “гачки“ со поранешниот селектор Вахид Халилхоџиќ, тврдоглавиот Босанец, на неколку месеци пред стартот на СП, дека токму селекцијата на Мароко ќе биде гордоста на Африка, дека фудбалерите на оваа селекција ќе бидат хероите на Африка на Мундијалот во Катар.

Посебно никој не претпоставуваше дека оваа селекција не само што се пласира во 1/8 финалето, туку тоа го направи со стил и ќе заврши како прва во групата -Ф и тоа пред една Хрватска, актуелен светски вицешампион, потоа една екстра силна Белгија и една Канада. Ќе ја заврши групната фаза со две победи и едно реми и со гол разлика 4:1. Ќе повториме, како првопласирана селекција.

Нема што, фантастичен успех, незапатемен успех момците од Мароко.

Со нов селектор, со Зијеш и Хакими на чело, Мароко сега покажа дека знае и тоа како да игра врвен фудбал.

Во 1/8 финалето, ако не се случи некоја катаклизма, тогаш ќе ја избегне Шпанија, а тоа значи дека Мароко има шанси и за 1/4 финалето.

Браво за Мароко. Овие момци го воодушевија сиот фудбалски свет.

ПретходноЈа “закопа“ својата Белгија: Солзите на Лукаку! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноСкандалозно: Навивач со хрватски дрес претепан среде Загреб, презимето било проблем!