Неславен крај на една блескава кариера: Милер повеќе нема да игра за Германија!

400

Искусниот германски репрезентативец Томас Милер оваа вечер ја заврши својата импресивна репрезентативна кариера.

„Ова беше мојот последен натпревар. Беше големо задоволство“, изјави фудбалерот на Баерн (М) веднаш по елиминацијата од Светското првенство.

„Сè правев од љубов. Имавме неверојатни моменти заедно. На секој натпревар секогаш се трудев да го оставам срцето на терен“, дополни Милер.

За репрезентацијата, од помладите категории играше од 2004 година. За сениорскиот тим почна да игра во 2010 година и оттогаш забележа 121 настап и постигна 44 голови. Со Германија стана светски шампион во 2014 година.

ПретходноТри одбрани на Митревски, прв бод за Порто
СледноАнадолу со четврта победа во низа, Барса и Монако не попуштаат