Швајнштајгер: Погледнете ги – само еден играч тука е класа, останатите се просек и за Бундеслигата!

8458

Германија е во шок. “Панцирите“ се враќаат дома, по вторпат по ред оваа некогаш моќна репрезентација на СП не ја минува групата. Ханси Флик се правда, играчите не знаат што да кажат, Томас Милер најави повлекување а еден Бастијан Швајнштајгер, инаку српскиот зет, и капитен на репрезентација која во 2014 во Бразил го покори светот гневно изјавува:

Погледнете ги, погледнете го составот, па видите кој игра во одбраната. Освен Рудигер кој е класа се останато е просек и за Бундеслигата. Очигледно е дека во нашата репрезентација, покрај останатите, најголемиот проблем е во дефанзивата“ посочи некогашниот капитен на “панцирите“.

ПретходноЕве зошто Шпанија е најголемиот добитник во групата-Е!
СледноБалканско дерби во НБА: Богдановиќ подобар од Дончиќ!