Шпанија синоќа си “заврши“ работа. Иако загуби од Јапонија оваа репрезентација не само што успеа да се пласира во следната фаза туку во 1/8 финалето доби полесен противник, ќе игра со Мароко а не со Хрватска.
Се разбира дека секогаш има сомнежи за тоа како еден фудбалски меч се одиграл, но навистина зарем некој може да му верува на селекторот на Шпанците, Луис Енрике дека тој не знаел како се одвивал натпреварот меѓу Германија и Костарика, а во еден момент Шпанците беа и елиминирани.
“Не го знаев резултатот на вториот меч, не знаев дека сме пред елиминација, ако навистина го знаев ќе добиев инфаркт. Јасно е дека стравував од елиминација, фудбалот е таков. Ние одиме натаму, но нема место за славење“ рече покрај другото селекторот на Шпанците.