Комплетирана нокаут фазата – Ниту едно супер дерби во осминафиналето на СП!

295

По завршувањето на групната фаза се комплетирани сите осминафинални парови на Светското првенство во Катар.

Мечевите почнуваат уште утре со два дуели. Први на терен излегуваат Холандија и САД, а потоа и Аргентина и Австралија. Победниците од овие два меча ќе се сретнат меѓу себе во четвртфиналето.

На 4 декември (недела) ќе играат Англија и Сенегал во Ал Кор како и Полска и Франција во Доха. Победниците од овие дуели ќе играат меѓу себе во следната рунда.

Во понеделник (5 декември) играат: Бразил-Јужна Кореја и Јапонија-Хрватска.

Во вторник (6 декември) ќе се соочат Мароко-Шпанија и Португалија-Швајцарија.

ПретходноРазочарување за Србите, Швајцарија и Бразил се пласираа во осминафиналето
СледноНа мечот Србија-Швајцарија беа покажани 11 жолти картони, најмногу по финалето во 2010!