Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака по натпреварот извади дрес со спорно презиме во очите на Србија – „Јашари“.
Ваквиот потег предизвика револт кај Србите, кои најавија протест до ФИФА за испраќање политички пораки од страна на Џака поради поддршка на водачот на ОВК, Јашари.
Џака ги одби овие обвинувања, истакна дека дресот нема никаква поврзаност со политика.
„Воопшто не беше политичко. Тоа беше дресот на мојот соиграч Ардон Јашари. Тој е млад играч, со кого одлично се согласувам. Реков дека ако постигнам гол, ќе го облечам неговиот дрес“, изјави Џака по натпреварот во изјавата што ја пренесе новинар на швајцарскиот портал.
Швајцарија ја елиминираше Србија, откако вчера ја совлада со 3-2.