Дончиќ со 30 поени ја освои „Медисон Сквер Гарден“ (ВИДЕО)

146

Кошаркарите на Далас Маверикс вечерва веќе си ја завршија работата во НБА лигата. На гостувањето кај Њујорк Никс, Далас предводен од Лука Дончиќ славеше со 121:100, а Словенецот имаше уште една одлична партија.

Дончиќ за 29 минути на теренот постигна 30 поени, со осум скока и седум асистенции. Мечот практично беше решен во третиот период кој Далас го доби со резултат 41:15.

Хардавеј одигра одлична пратија со 28 поени, а Динвиди додаде 17 поени.

ПретходноФаворитките без грешка: Работнички и Јанта Волеј во „мртва трка“
Следно„Кенгурите“ ги намачија, но Меси ја однесе Аргентина во четвртфинале (ВИДЕО)