Масовна тепачка меѓу фудбалери прекина пријателски меч

375

Пријателскиот меч меѓу шкотски Хартс и шпанската Алмерија беше прекинат поради тепачка меѓу фудбалерите на двата тима. Клубот од Единбург е на подготовки во Шпанија додека трае Мундијалот во Катар, а таму денеска играше меч со Алмерија. На теренот имало искри меѓу играчите, а потоа се претвориле во тепачка меѓу Александар Кокрејн од Хартс и Родриго Ели. Потоа се приклучиле и другите фудбалери кои си размениле тупаници.

„Да бидам искрен, не знам што се случи“, изјави тренерот на шкотскиот тим за ТВ „Хартс“. „Одигравме многу тежок и бавен натпревар. И тогаш одеднаш, далеку од нас, дојде до судир со Алекс. А потоа настана хаос. Имавме играчи кои трчаа околу него. Судијата само ја загуби контролата над ситуацијата“.

ПретходноМагична вечер за Ентони Дејвис: Испорача 55 поени во мрежата на Вашингтон (ВИДЕО)
СледноСаутгејт за Стерлинг: Ја има нашата поддршка, понекогаш фудбалот не е најважна работа!