Килијан Мбапе постигна два гола во победата на Франција над Полска (3:1) во осминафиналето на Светското првенство во Катар, со што неговиот вкупен број достигна пет гола на турнирот и стана најдобар стрелец. По натпреварот тој зборуваше за новинарите.
„Многумина прашуваа зошто не сум во медиумите. Не е ништо лично, сакав да се концентрирам на турнирот и на мојата игра. И кога треба да се концентрирам, морам да бидам 100 проценти во тоа и да не ја трошам мојата енергија на ништо друго. Затоа не излегов пред новинарите“, објасни францускиот напаѓач, кој со својата селекција ќе игра во четвртфиналето против Англија.
ДОбро е познато дека неговата одлука да не се појави пред новинарите значи казна за француската федерација од страна на ФИФА.
„Неодамна дознав дека федерацијата ќе биде казнета, јас ќе платам, федерацијата не мора да дава пари поради мојата одлука“, изјави Мбапе.