Најважната победа во осмиот круг им припадна на кошаркарите од Штип. Соколи 1933 славеа во СЦ „Билјанини извори“ против ГКК Охрид со (91:85) и го задржаа одличниот ефект. По осум одиграни натпревари имаат седум победи и само еден пораз.
Ист учинок и за скопски Вардар, кој без проблеми го совлада Баскет Кам (79:65), па остануваат на делба на првото место на табелата.
Сега се две победи „одалечени“ од конкуренцијата која ја чинат екипата на Ангели во оваа рунда подобри од МКК Куманово (67:60), и Работнички 2018 кој стигна до победа на гостински терен во Струга, против Црн Дрим (71:68).
МЗТ Скопје Уни банка неочекувано загуби во Велес. Борец баскет славеше победа со резултат (74:65), па сега се во група на екипи со половичен скор (4-4), заедно со Водно Санс и МКК Куманово.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Црн Дрим – Работнички 2018 68:71
ГКК Охрид – Соколи 1933 85:91
Вардар – Баскет Кам 79:65
Ангели – МКК Куманово 67:60
Водно Санс – Шкупи 83.75
Борец Баскет – МЗТ Скопје Уни Банка 74:65
ТАБЕЛА: Вардар 15, Соколи 1933 15, ГКК Охрид 13, Ангели 13, Работнички 13, МЗТ Скопје Уни Банка 12, Водно Санс 12, МКК Куманово 12, Шкупи 11, Баскет Кам 10, Борец Баскет 10, Црн Дрим 8;
ИДНО КОЛО (10.12)
МЗТ Скопје Уни Банка – Црн Дрим
Работнички 2018 – Вардар
Соколи 1933 – Борец Баскет
Шкупи – Ангели
МКК Куманово – ГКК Охрид
Баскет Кам – Водно Санс