Е. Пелистер по победата над Мотор Запорожје ќе бара нови бодови, овој пат против Бидасоа Урун, исто на гостински терен. Станува збор за тим кој има ист скор како битолчани, две победи и два порази, па триумфот ќе значи важен чекор кон пласман во следната рунда. Мечот се игра утре со почеток во 20:45 часот.
„Бидасоа Урун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овај натпревар во Шпанија”, изјави Ненад Костески.