Милевски: Во март веројатно ќе играме пријателска со Мароко или Ф. Острови!

582

Заврши годината 2022 за нашата А-репрезентација. Сега во мислите ни е она што ќе се случува во наредната 2023 година кога во преден план се квалификациите за ЕВРО 2024 година а нашата селекција прво игра со Малта на 23 март во Скопје. Со оглед на тоа дека терминот 26-29 март за нас ќе биде слободен се прават напори да одиграме еден пријателски меч.

Има шанса, барем според зборовите на селекторот Благоја Милевски тоа да биде селекцијата на Мароко која на СП во Катар навистина игра добро и утре во 1/8 финалето се среќава протв Шпанија.

Да, има понуда да во пријателски натпревар одиграме со Мароко. Тој меч би се играл неколку дена по дуелот со Малта во тој слободен термин. Планирано е да се игра во Франција. Сеуште се водат преговори така да не би можел да кажам дека и дефинитивно е договорена таа пријателска. Инаку има опција ако не играме со Мароко тогаш наш ривал да биде Ф. Острови“ изјави за “Спортмедиа“ селекторот Милевски.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Ќато, ај седни си на клупата!
СледноПикси во елемент: Да, загубивме, но не сме поразени!