Официјално: ФИФА покрена постапка против Србија за настаните на мечот со Швајцарија!

408

Фудбалскиот сојуз на Србија најверојатно ќе добие казна или ќе биде санкциониран и тоа поради настаните на мечот со Швајцарија. Имено како што денеска и официјално се произнесе ФИФА, покрената е постапка против Србија за недолично однесување на актерите на тој меч, но и поради дискриминација. ФСС е обвинет од страна на Дисциплинската комисија на ФИФА за прекршување на точките 12, 13 и 16.

Какви ќе бидат и дали ќе има казни допрва ќе се знае. Колку за потсетување селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси и не се прослави со својот однос на тој меч и не само тој.

ПретходноВТОРА ЛИГА: Соколи и Вардар според планот!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Ќато, ај седни си на клупата!