Хрватската репрезентација е во осминафиналето на СП во Катар. Во осминафиналето ја елиминира Јапонија по подобро изведување на пеналите, а сега во четвртфиналето ќе го чека подобриот од мечот Бразил-Јужна Кореја.
„Одигравме одличен меч. Одигравме борбено и добро. Првиот половина час имавме контрола, а потоа самите се доведовме во проблеми. Кога дадовме гол потоа игравме подобро. Јапонците не потценија и тоа им беше грешка. Мислеа лесно ќе им биде против нас. Никогаш не ги потценувајте Хрватите“, изјави Златко Далиќ за ХРТ.
А капитенот Лука Модриќ изјави:
„Не можеме ние без драма. Среќни сме што поминавме. Јапонците се многу незгодни. Тркачки се одлични. Сепак, покажавме карактер и дојдовме до пенали каде Ливаковиќ правеше чуда. Со нетрпение го чекаме следниот меч. Ќе бидеме подобри отколку денес. Прво треба да заздравиме“.