Далас го „среди“ лидерот на Западот, Хјустон ја доби драмата во две продолженија (ВИДЕО)

178

Далас на домашен терен беше подобар од Феникс со 130:111 во еден од најинтересните ноќешни натпревари во НБА лигата. До победата, Мавси беа предводени од првата „виолина“ во тимот, Лука Дончиќ кој средбат аја заврши со 33 поени.

Словенечкиот играч забележа и осум асистенции и шест скока, додека Спенсер Динвиди додаде 21 поен, а Кристијан Вуд постигна три помалку со девет скока. Во тимот на Феникс Деандре Ајтон постигна 20 поени со осум скока.

Феникс останува на првото место на Западот со 16 победи и осум порази, додека Далас е деветти со 12 победи од 23 натпревари.

По две продолженија, Хјустон ја совлада Филаделфија со 132:123. Џејлен Грин постигна 27 поени за домашниот тим, Кевин Портер Џуниор додаде три помалку. Во гостинскиот тим најдобар учинок имаше Џоел Ембиид со 39 поени, со седум скока, а Тобијас Харис додаде 27 поени.

Кошаркарите на Оклахома победија синоќа на гостувањето кај Атланта со 121:114 и со тоа ја забележаа третата последователна победа во НБА лигата.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – ЛА Клиперс – 117:119

Орландо – Милвоки – 102:109

Атланта – Оклахома – 114:121

Торонто – Бостон – 110:116

Хјустон – Филаделафија 132:123 (прод.)

Мемфис – Мајами – 101:93

Далас – Феникс – 130:111

Голден Стејт – Индијана – 104:112

ПретходноНејмар: По повредата плачев цела ноќ
СледноМеклафлин и Дуплантис се најдобрите атлетичари во 2022 година