Барселона нема намера да се раздели со Френк Кеси во јануари, иако фудбалерот не е среќен на „Камп Ноу“. Каталонците одбија три понуди за 25-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска кои веќе пристигнале во клупската управа.
Станува збор за понуди од италијанските тимови Наполи и Интер, како и од еден неименуван англиски премиерлигаш.
Барселона сака да го задржи барем до крајот на сезоната и се надевам дека ќе може да го искористи неговото присуство во вториот дел од сезоната. Исто така една од причините зошто Барселона не сака да му дозволи да замине во јануари е и фактот дека доколку Кеси замине, Каталонците нема да можат да добијат замена за него, поради финансискиот фер-плеј.