По фијаското на Мундијалот: Оливер Бироф си замина од германската федерација

228

По неуспехот на фудбалската репрезентација на Германија на Светското првенство во Катар, нејзиниот менаџер Оливер Бироф го раскина договорот кој беше до 2024 година, соопшти Германската фудбалска федерација. Поранешниот репрезентативец тоа го направи 18 месеци пред ЕП 2024, чиј домаќин ќе биде Германија.

„Оливер Бироф и федерацијата денеска се договорија да го раскинат договорот кој беше со важност до 2024 година“, се вели во соопштението на германската федерација, кое дојде една недела откако Бундестимот беше елиминиран од групната фаза на Светското првенство во 2022 година.

„Фудбалот ми го одбележа животот и продолжуваме заедно. За мене беше чест што можам да работам за германскиот фудбал толку долго. Го расчистувам патот за нови предизвици“, напиша Бироф во обраќањето до јавноста.

Бироф е дел од германската репрезентација од 2004 година, имајќи различни улоги работејќи со Јирген Кринсман (2004-2006), Јоаким Лом (2016-2021) и Ханзи Флик (2021-2022).

ПретходноНаполи и Интер сакаат да го вратат Кеси во Италија, Барса не го пушта
СледноРФМ подготвува спектакл: 30 години машка репрезентација, испраќање на Лазаров, Стоилов…