Популарната „деветка“ на селекцијата на Бразил, Ришарлисон му ветил на Роналдо дека ќе ја направи неговата озборувана фризура доколку „кариоките“ успејат да ја освојат титулата на Светското првенство во 2022 година .
Поранешниот бразилски напаѓач носеше триаголна фризура на победничкото Светско првенство во 2002 година.
„Имаме уште три натпревари до крајот. Ричарлисон треба да ме научи како да танцувам во ритамот на „танцот на гулабот“. Тој дури го научил и Тите“, изјави славиот Роналдо, познат како Феномен.
Ришарлисон кој се видел со него по мечот му ветил дека ако Бразил дојде до титулата, тој ќе се потстриже како Роналдо во 2022 година.
„Сигурно ќе ја направам неговата фризура. По освојувањето на титулата, шестата… Да не им дадеме одмор на хејтерите“, изјави Ришарлисон.
A emoção de conhecer o ídolo! 🥹
O Richarlison chorou ao encontrar com o fenômeno e o Ronaldo fazer a dança do pombo! 🐦 Ah… meus R9 😍🇧🇷 #TNTSportsNoQatarCrédito: FIFA e Ronaldo TV pic.twitter.com/p1qLhMSDHH
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) December 5, 2022